Германскиот увозник на гас ќе им плаќа на Русите за гас во евра

од Stefanija Kuzmanovska

Германската компанија VNG, која увезува гас, во иднина ќе проследува евра за руски гас до Гаспромбанка и не очекува никакви проблеми при претворањето во рубљи, соопштија од компанијата.

Според „Ројтерс“, ова го исполнило најважното барање на Москва во рамките на новиот начин на плаќање за гас.

VNG, кој е во мнозинска сопственост на германскиот регионален снабдувач EnBW, објаснува дека сè е во согласност со санкциите и дека сè има за цел да обезбеди снабдување и економска стабилност.

Слични содржини