„Германскиот Вухан“ претворен во голема лабораторија: Скоро 15 проценти од населението создало имунитет, а бројките за смртноста се особено занимливи

од Nikola Popovski

„Германскиот Вухан“, градот Хајнсберг на границата со Холандија, беше еден од првите жаришта на коронавирусот.

Причина: Германците сакаат карневал, па во Хајнсберг се одржа оваа година, на 15 февруари. И после тоа веднаш имаа масовна зараза, вистинска епидемија, која подоцна стана пандемија. Тие забележале 1.281 потврдени случани со коронавирус и 34 починати на 250.000 жители. Повеќе од 550 пациенти се излечиле.

Бидејќи заразата во Хајнсберг била две и пол недели пред ширењето на вирусот во Германија, научниците веднаш тргнаа во обемна студија, наречена „Протоколот Хајнсберг“, чија цел била да се испита развојот на вирусот во таа заедница за да може да се извлечат заклучоци, кои потоа ќе се пренесат на национално ниво. Под лупа се наоѓала населбата Гангелт со 12529 жители. Во истражувањето биле опфатени 1.000 жители од 400 домаќинства кои одговориле на прашалникот и биле тестирани за присуство на антитела (IgG, IgA).

Во четвртокот наутро биле објавени првите резултати од оваа студија, кои се однесуваат на вкупно 500 испитаници. Еве некои од поинтересните заклучоци:

-Откриено е дека 14% од позитивните на вирусот развиле имунитет

-Во моментов се заразени околу 2%

-15% е нивото на инфекција (тековните и оние кои веќе завршиле)

-Смртноста е 0,37%

Оваа последна информација е исклучително важна бидејќи стапката на морталитет во Германија е 1,98% во моментот (како што е пресметано од универзитетот Џон Хопкинс), што е за пет пати поголема.

Покрај тоа, истражувањето потврдило дека 15% од населението во Гангелт создало имунитет и дека процесот е во тек, со што е потврдена тезата за „колективен имунитет“: инфекцијата престанува кога доволно луѓе стекнале имунитет. Всушност овие 15% предизвикуваат инфекција да се шири побавно.

„Придржувајќи се до строги хигиенски мерки, може да се очекува дека концентрацијата на вирусот ќе се намали на такво ниво што, доколку лицето се зарази, тоа би довело до значително помал интензитет на болеста при симултан развој на имунитет“, стои во прелиминарните заклучоци на експертите и би требало да доведе до намалување на смртните случаи. Но, експертите велат дека мора да се избегнат големите јавни собири.

Студијата ја препорачува стратегијата на Германското здружение за хигиена на болниците (ДГКХ), која се спроведува во четири фази:

-Социјален карантин насочена кон спречување и забавување на пандемијата и избегнување на преоптоварување на критичните структури на снабдување, особено системот за здравствена заштита

-Почеток на укинување на карантинот, додека обезбедувате хигиенски услови и однесување

-Укинување на карантинот со одржување на хигиенско опкружување

-Состојбата на јавниот живот како пред пандемијата со „Ковид-19“.

 

 

Слични содржини