Германските експерти го доставија извештајот за пожарот, се чека превод

од Nikola Popovski

Во земјава пристигнал извештајот за пожарот во модуларната болница во Тетово на тимот експерти и форензичари од Германија. Извештајот пристигнал во петокот, а денеска е даден на судски преведувач.

Деталите од вештачењето ќе се знаат откако ќе се изврши превод, затоа што е на германски јазик, по што ќе се анализира и ќе се донесе одлука, велат од Основното јавно обвинителство.

Експертите од Германија беа ангажирани од нашата Влада да помогнат во истрагата.

-Во специјалните задачи кои ги работи БКА е и тим кој работи на истраги со жртви во катастрофи и несреќи. Станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7000 вработени. Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО, соопштија тогаш од Владата.

Од тоа што е познато претходно, според крим техничарите на МВР, пожарот на 8 септември во модуларната болница, во кој загинаа 14 лица, настанал од прегреан продолжен кабел.

Слични содржини