Германските експерти заедно со МВР и ЈО треба да ги дадат одговорите за пожарот во ковид-болницата

од Nikola Popovski

Во текот на вчерашниот ден пристигнаа германските експерти и форензичари што треба да учествуваат во истрагата за катастрофалниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово. Тие заедно со МВР и Обвинителството треба да ги дадат одговорите за пожарот во модуларната болница.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски завчера соопшти дека германскиот тим од Федералната криминалистичка служба е составен од  двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Тој појасни дека германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на ОЈО при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово.

Тие ќе имаат улога на мониторинг во истрагата.

Модуларната болница во Тетово целосно изгоре во пожар на 8 септември околу 21 часот. Загинаа 14 пациенти, а 12 беа повредени. Со цел истрагата да биде независна, Владата одлучи да бидат вклучени и германски експерти.

Слични содржини