Германските власти под жестоки критики поради смртоносните поплави

од Nikola Popovski

Германските власти во вторникот се најдоа под жестоки поради поради смртоносните поплави што зафатија големи делови на земјата минатата недела, оставајќи ја најголема европска економија уништена од катастрофа, која била најавена неколку денови порано.

Меркел тврди дека единствената утеха е солидарноста

Додека канцеларката Ангела Меркел патуваше во зоната на катастрофа, по вторпат, се појавија чести прашања како локалните и националните власти се подготвуваат за поплавите.

– Имаше предупредувања за купишта кал и надојдени води кои се движеа кон овие луѓе и овие предупредувања не беа решени на начинот на кој требаше да се решат – изјави Џулијан Рајхелт, уредник на „Билд“, најтиражниот германски весник, во дискусија преку онлајн панел.

Додека земјата е на само десет недели од националните избори, поплавите ги доведоа во прашање управувачките вештини на германските лидери во кризни ситуации, а опозициските политичари велат дека бројот на жртвите открива некои недостатоци во подготовките за справување со поплавите.

– За некои луѓе кои живеат тука, ова е ужасна ситуација. Многу куќи се толку уништени што не можат да се населат. Единствената утеха е солидарноста меѓу народот – рече Меркел за време на посетата.

Владата ги отфрла критиките

Во поплавите загинаа повеќе од 160 лица во Германија, а поројни води опустошија села, однесоа куќи, патишта и мостови.

Владини претставници ги отфрлија предлозите дека направиле премалку за да се подготват и велат дека системите за предупредување функционирале. Следната недела треба да се состане парламентарен комитет за внатрешна политика за да разговара за тоа колку добро работел системот, пренесува Ројтерс.

Слични содржини