Германците без милост – Санчо казнет 10.000 евра за шишање без маска (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Англискиот фудбалер Џејдан Санчо беше казнет со 10.000 евра, бидејќи објави слика во која се шишаше без маска.

Германската фудбалска асоцијација ги казни Санчо, како и соиграчот Мануел Аканџи, за кршење на правилата поврзани со сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Тие заминаа кај познат фризер за да направат фризура, а слики завршија на социјалните медиуми.

Покрај нив, на фризурата беа и Рафаел Гереиро, Торган Азар, Аксел Витсел и Ден-Аксел Загаду, но не беа казнети затоа што нивните слики не завршија во јавноста.

20-годишниот Англичанец, член на Борусија Дортмунд, пушти порака на Твитер, нарекувајќи ја казната „целосна смешка“, но ја избриша набргу потоа.

Дортмунд даде кратка изјава.

„Сосема е нормално дека нашите играчи треба да направат фризура по неколку месеци. Исто така не е добро што никој не носеше маска. Ние ќе бидеме многу јасни и ќе ги потсетиме нашите играчи за тоа. И фризерот, исто така, треба да се праша за неговото однесување“, се наведува во соопштението.

Слични содржини