Германците го молат Левандовски да не го руши рекордот на Милер

од Stefanija Kuzmanovska

Полјакот Роберт Левандовски има шанса да влезе во историјата на германскиот фудбал во сабота, но Германците го молат да не го прави тоа.

Минатиот викенд Левандовски го постигна својот 40-ти гол во Бундеслигата, со што се изедначи со славниот Герд Милер.

Баерн во последното коло ќе се сретне со Аугсбург, а доколку Левандовски игра на негово ниво, нема сомнеж дека тој ќе стане новиот рекордер.

Сепак, некои германски медиуми јавно го замолија да не го руши рекордот на нивната легенда.

„Сè укажува на тоа дека Левандовски ќе го сруши рекордот, но што ако доброволно се откаже од тоа? Незамисливо, не? Ако само овој еден рекорд може да му се остави на Милер. Зошто? Бидејќи тоа е Герд Милер. Бидејќи Баерн никогаш не би бил клуб каков што е, ако го немаше Милер. Тоа ќе биде најубавиот начин да му се оддаде почит на Милер“, пишува Питер Аренс, колумнист на „Шпигел“.

Истиот став го има и поранешниот репрезентативец Дитмар Хаман.

„Од почит кон Герд Милер, Левандовски не треба да игра против Аугсбург“, рече Хаман.

Слични содржини