ГЕРМАНЦИТЕ МИСЛАТ СЕРИОЗНО: Нестварно е колку пари вложија во развој на вакцина!

од Aleksandar Petrovski

Германија ќе одвои до 750 милиони евра за поддршка на три домашни фармацевтски компании кои работат на развој на вакцина против коронавирусот.

Германската министерка за наука Ања Карличек рече дека владата веќе одлучила да ги даде парите на компаниите „БиоНТек“ и „КуреВац“, додека разговорите со третата компанија „ИДТ Биологика“ треба да завршат наскоро.

Договорот со овие три компании ќе и обезбеди на Германија 40 милиони дози вакцина, покрај оние што ќе ги добие преку ЕУ, како нејзина членка, пренесува Асошиејтед прес.

Карличек рече дека Германија нема намера да ги скрати безбедносните процедури при тестирање на вакцините, што значи дека поголемиот дел од населението ќе мора да почека до средината на 2021 година за имунизација.

Министерот за здравство Јенс Шпан додаде дека Германија има намера да им отстапи вакцини на другите земји кои не и се потребни.

Слични содржини