Германците тврдат дека постојните вакцини се ефикасни против нов вид на вирус

од Берта Китинска

Експертите на ЕУ заклучија дека сегашните вакцини против коронавирусот се ефикасни против новиот вид откриен во Велика Британија, објави во неделата вечерта германската влада.

„Според сè што во моментов знаеме и по дискусијата од европски експерти, новиот вид не влијае на вакцините и тие остануваат ефикасни“, рече германскиот министер за здравство Јенс Спан.

„Ова е многу добра вест“, додаде министерот чија земја е претседател на Европската унија на државната телевизија ЗДФ.

Тој особено зборуваше за ефективноста на вакцината Pfizer / BioNTech, која веќе се користи во повеќе земји во светот и која наскоро ќе биде одобрена од Европската агенција за лекови.Во неделата се одржа состанок на експерти од земјите на ЕУ, изјави портпаролот на Министерството.

Мутацијата на вирусот е откриена во Велика Британија и голем број европски земји реагираа со прекинување на летовите од таа земја. Лондон најави и строги ограничувања на движењето во некои делови на земјата.

Лондон објави дека новиот вид на коронавирус се шири 70 проценти побрзо од претходниот.

Слични содржини