Героски: Одлуката на Нухиу е грешка во чекори

од Nikola Popovski

Новинарот Бранко Героски за емисијата „Само вистина“ изјави дека одлуката на министерот за внатрешни работи, Нухиу да стави потпис на одлуката за двојазични полициски униформи е политички договор што бил претходно постигнат.

„Сметам дека тоа се грешка во чекори или избрзана одлука на министерот. Мислењето на Венецијанската комисија беше фокусирано околу употребата на албанскиот јазик во правосудството, каде што се покажа дека постои опасност. Таа политичка одлука може да го блокира правосудниот систем. Постоеше генерален политички договор дека имаме еден вид двојазични униформи“, смета Героски.

Тој вели дека очигледно во период на преговорите за состав на нова влада има сензитивност и се употребуваат сите средства.

„Ова можеби беше показател на ДУИ дека и тие се некој фактор во оваа техничка влада, а камоли понатаму“, изјави Героски.

Слични содржини