Героски за амбасадорската позиција на Фрчковски: Неверојатно е ваков гаф да се направи

од Берта Китинска

Новинарот Бранко Героски, во емисијата „Само интервју“ ја искоментира денешната објавата дека професорот Љубомир Фрчкоски нема да биде амбасадор во Вашингтон.

-Таа процедура за именување на амбасадор, за добивање на агреман  е тајна во основа, одлуката се донесува на затворена седница на Влада, никој за тоа во принцип не зборува, и ако некој тоа треба да го знае тоа е професорот по меѓународно право и поранешен министер за надворешни работи Фрчкоски. Просто е неверојатно ваков гаф да се направи, но веројатно тоа не е главната причина очигледно дека имало резерви. Според она што можев да  го прочитам на порталите вината се префрла на македонската дијаспора и кај американските официјални власти. Се сомневам дека тоа е вистина. Знаете американската дипломатија е сериозна и таа работи со пишани извори. Веројатно лицата од Вашигтон оние кои ги носат одлуките имаат причини зашто ја донеле таа одлука. Јас на Фрчковски поведенијата не би го коментирал се може да биде причина за негово одбивање. Државите водат сметка со какви личности ќе ги решаваат проблемите. На Фрчковски или не му се дава или не му е дадена довербата  се уште не се знаме, но оваа одлука не е пријатна за државата. Сметам дека е гаф на тој што го предложил на владата, и пред да се донесе одлука треба да се помисли дали се исполнети условите, вели Героски.

Героски истакна дека е љубопитен дали и Жерновски ќе стане амбасадор во Њујорк, а вакви работи не треба да излегуваат јавно.

Слични содржини