Гервала Шварц: „Отворен Балкан“ е опасна идеја

од Nikola Popovski

Шефицата на косовската дипломатија, Доника Гервала Шварц денес од Скопје изјави дека регионалата соработка „Отворен Балкан“, како иницијатива е опасна идеја.

-Мислам дека паралелните иницијативи во суштина не се нешто ново, но се опасни за тоа како ние ја гледаме нашата држава во регионот, но и како се гледаме од страна на ЕУ, тоа е мојата претпоставка и моето мислење. Без да го негираме правото на која било независна и суверена држава да носи свои одлуки за тоа во кои иницијативи ќе учествува, со кого сака да создаде мали или големи коалиции, Република Косово, иницијативата од Нови Сад, која едно време беше нарекувана ‘Мини Шенген’, а од вчера ‘Отворен Балкан’, ја смета за опасна, изјави Шварц на прес-конференцијата со нејзиниот колега, Бујар Османи.

Таа истакна дека Република Северна Македонија и Косово се многу јасно фокусирани како држави кои како нивна главна цел ја имаат интеграцијата и зачленувањето во ЕУ.

-Се согласивме во наредниот период да се посветиме на инфраструктурното поврзување во делот на транспортот и енергетиката; економијата и трговската размена. Интеграцијата во ЕУ и НАТО останува цел за која постои взаемна поддршка и посветеност, објави министерот Османи.

Министерката Гервала Шварц е родена во Скопје и тука го поминала своето детство.

Слични содржини