Гест на Меган Маркл кон Шарлот наиде на симпатии од луѓето ширум светот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Погребот на кралицата Елизабета Втора беше под будното око на целиот свет, а беше одбележан, меѓу другото, и со гестот на Меган Маркл кон принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Меган Маркл ѝ се насмевна суптилно и со многу емоции на малата принцеза Шарлот во Вестминстерската сала за да ѝ покаже поддршка, а нејзиниот гест наиде на многу симпатии од луѓето ширум светот.

Откако ја видела Меган и нејзината реакција, Шарлот веднаш се свртела напред. Многумина ќе го протолкуваат одговорот на принцезата како детски, но веројатно ќе има и такви кои ќе кажат дека војвотката од Сасекс не ѝ е многу драга на ќерката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Сепак, таа воодушеви со својот гест кон малата Шарлот бидејќи нејзината насмевка ја красеше топлина и љубов.

Инаку, додека меѓу Вилијам и Хари се снимаа поемотивни моменти, меѓу Меган и останатите членови на дворот владееше дистанца, не сметајќи ја грофицата од Весекс.

Слични содржини