Гета продаде песни, заработи 100 милиони долари

од Vladimir Zorba

Дејвид Гета, продуцент на хитови како Titanium, I Got A Feeling и Hey Mama, ги продаде своите песни на Warner Music за огромна сума.

Француската sвезда се согласи да продаде за околу 100 милиони американски долари, што ги вклучува и неговите идни снимки, изјавија за Би-Би-Си луѓе запознаени со договорот.

Каталозите на Боб Дилан и Пол Сајмон исто така се продадоа за милиони. Гета е една од најголемите фигури на денс-попот во 21 век.

52-годишниот Ди-Џеј продаде 50 милиони плочи и собра повеќе од 14 милијарди стримови, а соработуваше со Ријана, Бруно Марс, Џастин Бибер, The Black Eyed Peas, Ники Минаж и Сиа.

Слични содржини