Гевгелија ќе добие модуларна болница

од Берта Китинска

Наскоро ќе почне  изведбата на модуларната болница во Гевгелија, велат од министерството за здравство.

-Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија, целосно е завршена подготовката на теренот. Ковид центарот ќе биде со површина од 400 квадратни метри со посебен влез за персоналот. Посебен влез ќе има и за прием, евиденција, преглед, тестирање, можност за RTG и EHO преглед на пациенти и одредување на терапија. Во последниот сегмент ќе има соба за изолација и стационар за хоспитален третман до максимум 15 пациенти, велат од Министерствот за здравство.

Слични содржини