Ги изненади Ирците: Принцот Вилијам се пошегува на сметка на коронавирусот

Принцот Вилијам се пошегува на темата коронавирус, за време на службената посета на Ирска.

Вилијам во Даблин се дружеше со медицинскиот персонал и болничарите и во еден момент се пошегува со еден од нив, Џо Мунеј.

„Веројатно сите ви доаѓаат како: ‘Имам коронавирус, умирам’, а вие сте како ‘не, само кашлаш’“, се пошегувал Вилијам.

„Се чини дека сите моментално се малку предраматични околу коронавирусот? Како медиумите да ја подгоруваат работата?“, се запрашал, па потоа се пошегувал на своја сметка: „Инаку, војводата и војвотката од Кембриџ го шират вирусот. Извинете. Внимаваме на тоа па кажете доколку треба да престанеме“, рекол Вилијам.

И покрај коронавирусот, Вилијам и Кејт и понатаму нормално ги извршуваат своите службени должности, а британските медиуми забележале една промена во кралското семејство. Кралицата на ветеранот Хари Билингеј вчера му го врачила медлот носејќи ракавици.

Вилијам и Кејт, од друга страна, не се придржуваат ниту до препораките за избегнување на ракувањето, па во Ирска биле видени како се ракуваат со десетици луѓе, а се верува дека така и ќе продолжат, пишува Daily Mail.

Слични содржини