Ги сопреле, па ги навредувале полицајците

од desk2

Во саботата во 14 часот во с.Р`жаничино-скопско при преземање службени дејствија од страна на полициски службеници на возач на патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистарски ознаки му било дадено знак да сопре, но тој продолжил со движењето во правец кон с.Катланово.

Полициски службеници се упатиле по него и го запреле Извршено било легитимирање на двете лица и утврдено било дека се работи за А.Г.(31), а возач бил С.Ф.(35) двајцата од с.Зелениково, кои при легитимирањето ги навредувале и омаловажувале полициските службеници. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични содржини