Ги враќаат имотите на Словенците и Македонците, но не и на Србите

од desk2

Здружението „Одземен имот“ предложи иницијатива за да се испита законитоста и уставноста на хрватскиот закон со кој имотот на српските фирми се дава под закуп.

„Хрватите ги враќаат недвижностите на Словенците и Македонците, а ние сме исклучени. Тука има еден облик на дискриминација и испаѓа дека немаат сите исти права. Седницата на комитетот на која ќе се расправа за ова ќе биде на 15 јануари“, вели адвокатот Зоран Ристиќ за Блиц.

Се работи за одмаралишта кои српските фирми ги имале на Јадранот.

Конкретно станува збор за три објекти.

Слични содржини