Гигант од Волстрит забранува влез во нивните канцелариите за невакцинираните вработени и клиенти

од Stefanija Kuzmanovska

Гигантот од Волстрит, „Морган Стенли“, ќе им забрани на вработените и клиентите кои не биле целосно вакцинирани против ковид-19 да влегуваат во нивните канцеларии во Њујорк, изјави извор запознат со ситуацијата.

Невакцинираните работници ќе мора да работат од дома, рече лицето, објави Би-Би-Си.

Оваа политика на банката ќе стапи на сила следниот месец, а целта е да се овозможи укинување на другите мерки поврзани со ковид-19.

Минатата недела директорот на банката ги повика вработените да се вратат во своите канцеларии, а во внатрешниот меморандум се наведува дека од 12 јули сите ќе мора да бидат целосно вакцинирани за да влезат во зградите на „Морган Стенли“ во Њујорк и Вестчестер.

Овој потег ќе овозможи укинување на задолжителното носење маски во канцелариите и одржување на физичко растојание во банката.

Засега, банката очекува вработените сами да се изјаснат дали биле вакцинирани или не, но последователно може да побараат доказ за статусот на вакцинација.

Слични содржини