Гигс: Најдобриот настап на Јунајтед во последните години

од Vladimir Zorba

Тренерот на репрезентацијата на Велс и поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс ги пофали „црвените ѓаволи“ за нивната победа од 2:1 над Манчестер Сити во саботата навечер. Тој ги спореди перформансите на играчите како едни од најдобрите што ги видел во последните години. Велшанецот смета дека на тимот му е потребен Пол Погба доколку сака да го преземе следниот чекор во својот раст.

„Сите големи натпревари имаат потреба од таа концентрација. Фудбалерите играа добро и дефанзивно, а кога ја освојуваа топката се движеа напред, допирот беше добар, а тогаш тие предизвикаа големи проблеми за Сити. Мислам дека сите го знаеме скорот на Јунајтед против големите тимови“, рече Велшанецот.

„Тие треба да го вратат Пол Погба – тој е тој што може да ја отклучи вратата. Треба да го натераат да игра добро и доследно, ова е следниот чекор. Екипите кои се долниот дел на табелата му отежнуваат на тимот, но мора да се биде трпелив, ова е следниот чекор сега. Но, тоа беше фантастичен настап, најдобриот настап што го видов последниве години од Јунајтед“, рече Гигс.

Слични содржини