Рајан Гигс, легендарниот ас на Манчестер Јунајтед и селектор на Велс, е обвинет за физички напад врз две жени, а на суд ќе се појави на 28 април.

Славниот Велшанец беше приведен на почетокот на ноември минатата година за напад врз неговата девојка Кејт Гревил, но по полициското испрашување беше ослободен, бидејќи платил кауција.

Тој е обвинет не само за тоа, туку и за инцидент од 2017 година, кога беше осомничен за физичко малтретирање на неименувана девојка на дваесетина години.

Гигс моментално е на условно, а доколку се докажат обвиненијата, тој ќе замине во затвор.

Слични содржини