Ѓилас кон Вучиќ: Поради изборите, ги турна луѓето во смрт (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Лидерот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, вели дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ е лично одговорен за смртта на секој човек како резултат на коронавирусот.

„Александар Вучиќ, на почетокот на мај, објави дека ја победивме короната. Вчера 11 лица починаа како резултат на вирусот, што е најголем број од почетокот на пандемијата. Александар Вучиќ, вие сте лично одговорни за смртта на секој од нив, како и за сите оние што починаа во последниот месец. Вие сте лично одговорни за секоја личност која се зарази во последните два месеци, рече Ѓилас, додавајќи дека претседателот на Србија намерно создал атмосфера дека нема повеќе коронавирус за да организира избори.

Тој потсети дека Српската напредна партија организирала митинг во мај, каде присуствуваа неколку илјади нејзини приврзаници.

Слични содржини