Ѓилас: Опозицијата и денеска ќе биде покрај својот народ 

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, изјави дека Алијансата за Србија не е организатор на демонстрациите, но дека, доколку продолжат, тие ќе бидат покрај граѓаните, пренесува РТС.

Драган Ѓилас рече дека протестите, кои се случуваат веќе два дена, се протести на луѓе кои протестираат против насилството врз нив.

Претседателот на Србија, вели Ѓилас, контролира сè, но не и народот, кој излегол на улиците, затоа што не постои можност да се изрази незадоволство преку институциите.

Протестите се претставени како пресметка меѓу хулиганите и државата, а вистината е дека хулиганите и дел од полицијата ја бранат владата, тврди Ѓилас и додава дека е подобро да се инвестира во болници отколку во дронови.

Слични содржини