Гинисовата книга на рекорди го објави најпопуларниот музичар на светот

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачот и текстописец The Weeknd е прогласен за најпопуларен музичар во светот. Абел Маконен Тесфаје, како што гласи неговото целосно име, е запишан во Гинисовата книга на рекорди како музичар со најмногу месечни слушатели на платформата Spotify – дури 111,4 милиони, а воедно е и првиот изведувач кој надмина 100 милиони слушатели.

Мајли Сајрус е неговата најголема конкуренција со 82,4 милиони месечни слушатели, а потоа следат Шакира (81,6 милиони), Аријана Гранде (80,6 милиони), Тејлор Свифт (80,2 милиони) и Ријана (78,5 милиони).

Мрежата TikTok најмногу придонесе за растот на неговата популарност, откако ремиксот на неговиот дует со Аријана Гранде „Die for You“ стана вирален на таа платформа, пренесува CNN.

Инаку, The Weeknd влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2016 година, бидејќи неговиот албум „Starboy“ беше најстримуван на Spotify, а важи и за соло машки изведувач со најдолга серија последователни недели поминати во Топ десет места на листата на Billboard Hot 100.

Слични содржини