Гиновска: Секој попишувач ќе носи заштитна маска KN95, пописот ќе може да се спроведе и на отворено

од Берта Китинска

Годинава за првпат пописот ќе се спроведува со користење на лаптопи. Попишувачите прво ќе поминат тестирање и оние кои ќе бидат избрани ќе поминат неколкудневна обука за работа на апликацијата. Очекуваме во најскоро време да се пополни број неопходен за попишувачите, вели Елена Гиновска  од Државен завод за статистика во Студио 10.

Во однос на пандемијата, Гиновска рече дека ќе бидат преземени сите мерки за заштита на пошишувачите и граѓаните.

-Секој попишувач ќе носи заштитна маска KN95. Заводот за статистика ќе им обезбеди на сите попишувачи маски кои задолжително ќе треба да ги стават при влегувањето во домаќинството. Попишувачите ќе треба да ги замолат челновите на домаќинството да стават маски. Бидејќи доаѓа пролетта пописот може да се одвива надвор во влез, двор… Имаме предлози од куќни совети од зградите од Скопје кои предлагаат на пример еден од членовите на советот  да ги повикува станарите надвор или во влезот на зградата за да с попишат, вели Гиновска.

Слични содржини