Гир ми вели да намалам со критиките кон ЕУ – јас му кажав тоа е реален опис на состојбите, порача Пендаровски

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски вечерва во емисијата „Топ тема“ изнесе мала индискреција во однос на неговите критики кон ЕУ.

-Секогаш кога излегувам на јавни настапи и зборувам на оваа тема, мојот пријател евроамбасадорот Дејвид Гир секогаш ми вели дали може помалку таа критика кон ЕУ. Јас му велам тоа не е критика, туку реалност. Тоа е реален опис на состојбите. Во спротивност, ако јас грешам, зошто таа поддршка кон ЕУ би опаднала за 25% во еден релативно краток временски период, рече Пендаровски.

Претседателот смета дека одговорот на прашањето за опаѓањето на поддршката во земјата, треба да се бара од неколку големи градови во Европа.

Слични содржини