Гир на средба со Ивановска: Неопходни се натамошни напори во кои ДКСК ќе ја има водечката улога

од Nikola Popovski

По средбата со претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, евроамбасадорот Дејвид Гир објави дека ефикасна борба против корупцијата е неопходна за напредок на земјата и за подобар живот на граѓаните.

– Добра средба со претседателката на Антикорупциската комисија Ивановска. Има напредок во борбата против корупцијата, но неопходни се натамошни напори во кои Антикорупциската комисија ќе ја има водечката улога, напиша евроамбасадорот на Твитер.

Слични содржини