Гир: Не можам да дадам ветувања за обнова на шуматa над велешко езеро

од Vladimir Zorba

Евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната посета над велешка езеро „Младост“, каде ЕУ финансира досега најголем проект за Велес „Смарт езеро Младост – прва иновативна туристичка дестинација во земјава“, одговарајќи на новинарско прашање дали ЕУ може да го помогне процесот на
обновување на опожарената шума над велешко езеро, рече дека засега не може да даде никакво ветување.

– Не можам да дадам сега никакви ветувања и заложби бидејќи сите знаете дека тоа вклучува долготраен процес, но секако претставува добра идеја. Самиот ваков проект покажува дека и покрај тој голем шумски пожар кој уништи многу од околината над велешко езеро „Младост“ сепак може да се претвори во убаво место. Воедно да придонесе и кон локалниот економски развој, потенцира Гир.

Слични содржини