Гир нема увид кои поединци би можеле да бидат дел од црната листа

од Nikola Popovski

Евроамбасадор Дејвид Гир денеска во Владата беше запрашан дали Брисел има некакви сознанија за висока корупција во земјава.

-Најпрво прашањето за корупција е важно кое навлегува во сржта на пристапниот процес. Тоа е важно што го вклучивме во основите. Ја испитуваме борбата со корупцијата. Тука не се работи за идентификување на поедици, туку за промена на системот за институциите да можат да се справат со корупцијата и сите да знаат дека не постои толеранција. Тоа е долгорочен процес во кој што сме вклучени. Немам некој увид во поединци кои би можеле или не би можеле да бидат цел на санкции, кажа Гир одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција по официјалните обраќања во Владата по повод буџетската поддршка од 80 милиони евра од ЕУ за справување со енергетската криза.

Ова следува откако вчера американската амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер информираше дека во следните неколку месеци едно до две нови имиња од земјава ќе се најдат на црната листа на САД со санкции.

Слични содржини