Гир, оптимист: Нема план Б за влегувањето на Македонија во ЕУ

од Берта Китинска

Евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир, во интервју за новинската агенција МИА, вели дека e oптимист и дека нема план Б, туку дека целта е пристапување на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ).

-Нема план Б, целта е пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Оптимист сум. Сега следува усогласување на Преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, што всушност ќе го отпочне самиот процес на преговори, изјави амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир.

Според него овие разговори продолжуваат во Брисел и португалското претседателство се обврзало дека ќе го помогне и ќе го турка процесот.

Слични содржини