Гир: Почит за сите пожарникари, граѓани и служби кои работат заедно за да ги стават пожарите под контрола

од Vladimir Zorba

Одлична вест дека противпожарен авион заедно со логистичка поддршка обезбедена од Романија ќе слета наскоро во Скопје, објави на Твитер шефот на Делегацијата на Европската унија во земјава, амбадасорот Дејвид Гир.

– Оваа поддршка доаѓа преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој ја координира помошта од Австрија, Бугарија, Словенија и сега од Романија, а обезбедува и сателитска поддршка, наведе евроамабасадорот Гир.

Тој воедно во објавата им оддадава почит на, како што вели, „сите домашни и меѓународни пожарникари, како и локалните граѓани и вклучени служби, кои работат заедно за да ги стават пожарите под контрола“.

Слични содржини