По серијата многу лоши резултати во 2025 година, Новак Ѓоковиќ официјално го објави крајот на соработката со својот претходен тренер Енди Мареј.
Мареј и Ѓоковиќ беа долгогодишни ривали, но и пријатели, а потоа, познатиот Шкотланѓанец го тренираше српскиот тенисер. Сепак, резултатите оваа година не беа добри, па соработката не траеше.
„Тренеру Енди, ти благодарам за целата напорна работа, забава и поддршка во текот на последните шест месеци на и надвор од теренот. Навистина уживав во зајакнувањето на нашето пријателство“, сподели Ѓоковиќ утрово.
Медиумите денес се собраа на тренингот на Ѓоковиќ во Белград за да дознаат со кого работи денес. Таму, Ѓоковиќ се подготвува за турнејата на земјена подлога и турнирите во Женева и Ролан Гарос.
Како што објави „Спортклуб“, шест лица биле присутни на денешниот тренинг и работеле со Ѓоковиќ. Тука беа тренерот на српскиот Дејвис куп тим Виктор Троицки, спаринг-партнерот Миомир Кечмановиќ, тенискиот аналитичар Борис Бошњаковиќ, физиотерапевтот Милијан Амановиќ и двајцата фитнес тренери Гебхард Грич и Клаудио Зимаглија.
Да потсетиме, Новак играше на седум АТП турнири оваа сезона и нема ниту еден трофеј. Тој запиша седум порази, а дури четири во првите дуели што ги одигра на турнирот.