Ѓоковиќ по поразот во Рим: Не знам дали ударот со шишето влијаеше, ќе направам тестови

од Vladimir Zorba
786 прегледи

Да бидам искрен, не знам дали инцидентот со шишето имаше некаков ефект, ќе морам да проверам. Во саботата имав многу лесен тренинг, ништо не чувствував, но не се чувствував ни исто“, изјави најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ по поразот од Чилеанецот Алехандро Табило во третото коло на Мастерсот во Рим (6:3, 6:2).

„Денес, под голем стрес, беше навистина лошо, не во однос на болка, туку во однос на рамнотежата. Немаше координација. Бев сосема поинаков играч од пред две вечери. Не знам, можеби тоа имаше влијание, ќе морам да направам медицински тестови за да видам што ќе се случи“, изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата.

Србинот повтори дека ситуацијата со шишето е дефинитивно несреќа, но дека после се е сигурно дека не е се во ред.

Слични содржини