Ѓорчев: Падот од 2016 година, први квартал до први квартал оваа 2023 година во родени деца е 40 отсто

од Stefanija Kuzmanovska

Падот од 2016 година, први квартал до први квартал оваа 2023 година во родени деца е фрапантни 40 отсто, 40 отсто помалку родени бебиња, истакна денеска Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Додава дека тоа значи дека со овие 40 отсто помалку родени бебиња, во Македонија ќе има празни училници, празни училишта, наставници кои што ќе немаат доволно часови и дека тоа би значело дека ќе има празни улици и празни градови и села.

„Први квартал 2016 година во Македонија имало 5.600 родени бебиња, овој прв квартал 2023 имаме само 3.600 родени бебиња. Тоа е фрапантен пад во само еден квартал, во само три месеци од 2.000 помалку родени бебиња. 2.000 бебиња, тоа се 100 паралелки помалку. 100 паралелки помалку да ги наредите една по една е 1 километар празни училници. 1 километар празни училници во која што нема ниту едно дете, само празни клупи и празни столчиња. Тоа се бројките, тоа е статистиката“, наведе Ѓорчев.

Слични содржини