Гласаат болните, изнемоштените и затворените лица од Охрид, Струга и Дебрца

од Берта Китинска

Правото на глас на предвремените парламентарни избори денеска го остваруваат 230 болни и изнемоштени лица од Охрид, како и 13 затвореници.

Претседателот на ОИК, Климент Камнароски истакна дека гласањето на 10-те парламентарни избори започнало навреме и истото се одвива без проблеми, со соодветно почитување на здравствените протоколи предвидени за изборниот циклус.

На идентичен начин се реализира и гласањето во Општина Струга каде денеска гласаат 170 лица, како и 25 затвореници. Претседателот на ОИК. Бледар Зиба истакна дека изборниот процес се одвива непречено и согласно предвидените процедури.

Во Општина Дебрца денеска своето право на глас можат да го остварат 28 болни и изнемоштени лица. Претседателот на ОИК, Сао Суклоски истакна дека гласањето во Општина Дебрца е завршено, со тоа што правото на глас го искористиле 27 лица.

Слични содржини