Гласав по мое лично убедување за промена на Уставот, немав притисок од ВМРО и СДСМ, вели Канческа – Милевска

од Stefanija Kuzmanovska

Гласав по мое лично убедување, немав притисок ниту од мојата партија, ниту од СДСМ како позиција во тој момент, вели Елизабета Канческа – Милевска во денешното гостување на „Жешко Политичко Лето“ на Канал 5 ТВ за гласањето во Собранието за промената на името во Северна Македонија и менување на Уставот.

– Сметав дека конечно сите треба да се издигнеме над партиските ставови кога станува збор за интересите на државата и кога се одлучува за стратешките приоритети на државата. Најодговорно сум била посветена во таа насока и сум ја донела таа одлука, истакна поранешната пратеничка.

На прашање дали би ја променила оваа одлука ако го врати времето,поранешната министерка за култура посочи дека таа не би го сторила тоа, но би се потрудила да донесе некои други амандмани.

– Од оваа постапка треба даизвлечеме кои се придобивките и кои се поуките. Придобивката е од огромно значење за нашата држава, тоа е членство во НАТО, безбедноста, можноста како држава да бидеме учесници и да дадеме глас со сите светски лидери и земји во тој процес. Поуките кои можеме да ги извлечеме, нешто што треба да го направи и ВМРО-ДПМНЕ е дека за суштински прашања кои се од најголем интерес за државата треба да бидеме вклучени во дебата, да разговараме и само на таков начин да донесеме подобра иднина за нашата држава, изјави Канчевска Милевска, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да бидат „неми набљудувачи кои што се многу битни за државата“.

Слични содржини