Гласини: Apple ќе претстави електромобили и очила со проширена реалност до 2025 година

од Vladimir Zorba

Познатиот по прецизните „предвидувања“ за Apple, аналитичарот Мин-Чи Куо се произнесе по повод технологијата на компанијата за проширена реалност и обвитканиот во мистерија електромобил. Куо тврди дека Apple ќе го пушти автомобилот меѓу 2023 и 2025 година и има шанса да се разликува од конкурентите благодарение на технолошката супериорност.

Во автомобилите Куо гледа шанса за компанијата да се прошири значително, влегувајќи во „огромниот“ пазар на автомобили на лизинг и нудејќи подобра интеграција на хардвер, софтвер и услуги спрема сегашните и идните ривали во автосекторот.

Исто така, во 2020 година, Куо очекува Apple да ги претстави очилата со проширена реалност, но не коментира повеќе на оваа тема. Се разбира, производот ќе се базира на платформата ARKit, на која компанијата работи и моментално е презентирана преку iOS апликациите.

Како целина, аналитичарот верува дека иднината на Apple е во услужниот сектор, бидејќи во моментов е најраспространета категорија на производи во компанијата. Последен пат кога Apple ги објави своите приходи, услугите објавија раст од 31% и приходи од 9 милијарди долари.

Слични содржини