Гласините за Роналдо ги зголемија акциите на Борусија Дортмунд, тој нема да му се приклучи на клубот

од Vladimir Zorba

Гласините за можен трансфер на суперѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо во Борусија (Дортмунд) доведоа до пораст на цената на клупските акции на „жолто-црните“ на берзата, пишува Tuttomercatoweb.

Акциите на германскиот тим поскапеа за 2,3% во однос на деновите пред да се појави веста за потенцијалниот потпис на португалскиот интернационалец.

Сепак, Борусија очигледно ќе остане само на поскапувањето на акциите, бидејќи според „Билд“ клубот му кажал на агентот на Роналдо, Жорже Мендеш дека не ги интересира можноста да го имаат во својот состав.

Слични содржини