Главната противничка на Лукашенко се откажа од протестите: Не сакам да одам во затвор

од Nikola Popovski

Изборниот штаб на кандидатката за претседател на Белорусија, Светлана Тихановска, одлучил дека таа нема да учествува на протестите во Белорусија, со цел да се избегнат можните провокации, изјавила портпаролката на политичарката, Ана Красуљина.

„Штабот донесе одлука дека појавувањето на Тихановска на демонстрациите може да предизвика дополнителни провокации, што би сакале да ги избегнеме. Тоа е причината зошто тимот одлучи дека таа нема да учествува (на протестите). И таа, како тимски играч, ја послуша оваа одлука“, изјавила Красуљина.

Таа додала дека Тихановска не сакала да биде „покрај нејзиниот сопруг“ поради провокациите, кој во моментот е во истражен затвор. Според медиумите, тој е обвинет за обид за организирање масовни немири и три други злосторства.

Претходно, Тихановска изјави дека не знае дали е правилно лично да оди на протестите.

Претседателските избори беа одржани во Белорусија на 9 август. Според првичните податоци на ЦИК на Белорусија, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на изборите освоил 80,08 проценти од гласовите, додека 10,09 проценти од гласачите гласале за Светлана Тихоновска, која заврши на второто место.

Слични содржини