Гледачите одлучија: Ова е најдобриот филмски лик на сите времиња

од Stefanija Kuzmanovska

Според најновата топ-листа, Форест Гамп е најдобриот филмски лик на сите времиња, така барем се изјасниле повеќе од 1,1 милион љубители на филмот кои учествуваале во анкетата на порталот „Ранкер.ком“.

Форест Гамп, интелектуално ограничениот човек кој е протагонист на филмската адаптација на истоимениот роман на Винстон Грум од 1986 година, доби најмногу гласови. Филмот на Роберт Земекис од 1994 година се смета за класика на современата филмографија, а комичната драма, која изобилува со цел спектар на разни емотивни превирања, го претвори Том Хенкс во еден од најомилените актери во светот, чии цитати од филмот сè уште се прераскажуваат, особено оној со кутијата со чоколади.

На второто место на списокот на „Ранкер“ се најде Вуди, каубојот од „Приказна за играчките“, додека на третото е Т-800, робот кој беше култно одигран од Арнолд Шварценегер. Дамблдор од „Хари Потер“ и R2D2 од „Војна на Sвездите“ исто така беа во првите пет на оваа листа.

loading...

Слични содржини