„Го фрли кон спасувачите“: Почина мајката која го спаси своето бебе, биле затрупани 24 часа (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Жената од Кина која го спаси своето бебе кога одрони и поплави го погодија нивниот дом, почина, соопштија спасувачите.

Бебето беше извлечено живо во средата откако било затрупано под урнатините повеќе од 24 часа. Извештаите велат дека обилните дождови предизвикале свлечиште во село во провинцијата Хенан.

Регионот забележа големи поплавувања поради рекордни дождови, во кои загинаа 33 лица, додека повеќе од 200.000 луѓе беа евакуирани од своите домови.

Снимките од спасувачите кои го спасија бебето станаа вирални во Кина. Се верува дека бебето е старо околу три или четири месеци, пренесува Би-Би-Си.

– Го слушнав гласот на бебето, во тој момент спасувачите штотуку пристигнаа и успеаја да го спасат детето. Нејзината мајка ја фрли до нив – рече член на семејството идентификуван како Жао за „Southern Metropolis Daily“.

Спасувачот Јанг им изјави на новинарите дека мајката „го подигнала своето дете токму во тој клучен момент и затоа девојчето е живо“.

Бебето било итно пренесено во болница и било утврдено дека не е повредено. Телото на мајката било пронајдено дури во четвртокот. Спасувачките екипи изјавиле дека нејзиното тело било замрзнато кога ја пронашле.

Слични содржини