Ѝ го хакнале Фејсбук профилот и објавиле дека двете ќерки ѝ починале од Ковид-19

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека некој го злоупотребил Фејсбук профилот на кавадарчанка, односно лажно објавил од нејзино име на интернет дека двете ќерки ѝ умреле од коронавирус. Во постот на  социјалната мрежа била ставена и фотографија.

Сопругот на кавадарчанката и татко на двете млади девојки го потврдил грозоморниот чин.

„Постојано ни се јавуваат роднини и пријатели да прашаат дали е вистина. Нема никаква вистина. Сега ќе пријавам во полиција” , изјавил за медиумите таткото на девојките.

Дека се работи за лажна вест ни потврдиле и од Министерството за здравство

Кавадарчани и тиквешани денеска со неверување ја примија оваа вест која се ширеше на интернет и се прашуваа дали е вистина.

Дополнително, ја осудија постапката на тој што си поиграл со чувствата на семејството од Кавадарци. Но, побараа и санкционирање на таквите постапки и ширењето лажни вести.

Слични содржини