Го изедначи рекордот на Џордан: Кој е кошаркарот со најголем одраз во светот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Деновиве се одржува Draft Combine во Америка, каде што младите кошаркари регистрирани на НБА драфтот минуваат низ низа тестови и вежби.

Бекот на Универзитетот во Тенеси, Кион Џонсон, забележа одраз од неверојатни 48 инчи, или 122 сантиметри, со што го сруши 20-годишниот рекорд на овој настан и го изедначи неофицијалниот светски рекорд на Мајкл Џордан.

Џонсон е висок 195 см, што значи дека во моментот на одразот, врвот на главата е 12 сантиметри над обрачот.

Претходниот рекорд на Draft Combine го држеше Кени Грегори од Универзитетот во Канзас во 2001 година на 45,5 инчи, што значи дека Џонсон го собори за повеќе од шест инчи (1 инч = 2,54 см).

Податоците од Draft Combine не беа достапни од пред 2000 година, вклучително и за Мајкл Џордан, но во 1984 година, GOAT скокна 48 инчи на тестовите за американскиот олимписки тим за Игрите во Лос Анџелес, што се смета за најголемиот во историјата, а 19-годишниот Џонсон синоќа се изедначи со него.

Според прогнозите на американските аналитичари, Џонсон треба да биде избран меѓу првите десет на драфтот.

Ноќта од вторник до среда се одржа лотарија за да се утврди редоследот на избор на драфтот, што ќе се одржи на 29 јули во Њујорк, први ќе изберат Детроит Пистонс, по што следуваат Хјустон, Кливленд и Торонто.

Првиот избор на драфтот се очекува да биде Кејд Канингам, 19-годишен плејмејкер од Државниот универзитет во Оклахома.

Слични содржини