Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ добро се одмори откако го освои 18-от Грен слем во Австралија. Што е најважно, тој се опорави од повредата и започна со подготовките играјќи тенис со својот син Стефан.

Синот на Новак и претходно покажа склоности кон тенисот, а овојпат на видеото во кое игра со Ноле покажа дека го наследил својот талент од славниот татко.

Двајцата разменија неколку удари во Монте Карло, а сигурно е дека Стефан уживаше кога играше со Новак.

Малиот Стефан ќе го прослави својот седми роденден во октомври, а Новак претходно изјави дека нема да ги присилува своите деца да играат тенис, односно ќе им дозволи да го сакаат спортот самостојно – ако им се допаѓа.

Слични содржини