Го освои светот со стар хит, а 36 години подоцна ја воодушеви Италија со своите разголени фотографии

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанската пејачка, модел, актерка и телевизиска водителка, Сабрина Салерно (55) стана вистинска икона на сензуалноста во 80-тите. Откако беше откриена од Клаудио Сечето, продуцент и извидник на таленти, бринетата се прослави со хитовите како „Sexy Girl“ и „Boys (Summertime Love)“.

Колегите од естрадата имаат само пофални зборови за неа, меѓу кои и Саманта Фокс (57), уште една мегаѕвезда од ерата на 80-тите.

„Сабрина, ти посакувам се најдобро! Ти си сакана, имаш милиони фанови, а јас сум еден од нив“, ѝ порача колешка неодамна во една ТВ емисија, а Салерно се надоврзала со коментар дека никогаш немало ривалство меѓу нив две, иако често се шушкало за тоа.

„Имам многу колешки, можеби затоа што сум лишена од љубомора кон другите жени… Од друга страна, секогаш ми беше непријатно да работам со мажи. Тие се многу поконкурентни од жените, сакаат да се истакнат по секоја цена. Сè уште живееме во култура во која доминираат мажи, па на жените им е потешко. Ако изгледате добро, тоа може да биде предност, но често е и казна, бидејќи тогаш жената мора постојано да докажува дека е и повеќе од тоа“, изјави неодамна Сабрина.

Слични содржини