Го плаши ли Ердоган руското промовирање на шиитската полумесечина од Техеран кон Ирак до Сирија!?

од desk3

Што си мислеше Ердоган? Информацијата дека намерното соборување на руски авион од турски борбен авион не бил случаен инцидент, дека е наредено од горе. Ниту пак Путин сакаше отворено да го нарече “нож во грбот”.Инаку би сакале да слушнеме добро објавено дипломатско извинување од турската страна кон Кремљ.

page_times-modern-sultan-erdogan_593807166

Овој мал јазол од она што -не се – случи е трогателно само по себе. Турците веројатно можеа да се прават дека целата работа била случаен инцидент, претпоставувајќи дека Путин ја сфатил пораката. Наместо тоа Анкара претпочита да биде инцидентот од понеделникот јавна опомена и понижување за Кремљ, да го опипла чинот на непријателство меѓу двете држави и всушност- меѓу двата енергетски блока, за Ердоган брзо побара средба со високите претставници на НАТО. Значи, какви биле неговите пресметки?

* * *

Би требало прво да ги анализираме лидерските стилови на двајцата претседатели, за да видиме како можела да настане таква конфронтација. Како и многумина што забележале, Путин и Ердоган ја изградиле својата власт на слични начини, користејќи полудеспотски методи на управување, за да добијат и да располагаат со моќ еднострано. Ова му овозможи на Путин да нападне во Грузија и Украина, додека Ердоган ги бомбардира во Сирија Курдите, кои се борат против “Исламска држава”. И во двата случаи поттикнување на вооружен конфликт покрај светските критики доведе до консолидација на домашната поддршка.

Падна одлука на ГШ на Русија, најсовремени ракетни системи С-400 “Триумф” се распоредуваат во Сирија

Во случајот со Ердоган , ризичното користење на турската воздухопловна моќ исто така покажува дека тој целосно надминал секаков отпор од страна на вооружените сили кон неговите безгрижни шеми. И двајцата лидери, исто така, се слободни да делуваат според личните каприци, склони се да реагираат предводени од личната злоба кон странски лидери, како постојаните хули на Путин кон поранешниот претседател Саакашвили и на Ердоган против Асад.

И така војната на нерви меѓу Путин и Ердоган стана мотивирачка сила сама по себе, без оглед на потенцијалните сериозни штети на интересите на двете страни, не на последно место на ветувачки договор за руски гасовод кон Европа преку Турција. Овој проект значеше ослободување на рускиот гас од нејзината зависност од транзитот преку Украина, кој му дава на Киев стратешки лост за влијание спрема Москва.

Кога Путин ги нареди руските бомбардирања во Сирија, за да го поддржи Асад, Ердоган очигледно ги направил своите заклучоци. На Кремљ не му е грижа доволно за гасоводот, за да покаже почит кон чувствата на Ердоган. Нешто повеќе, “умерените” сириски опозициски сили, кои Русија ги бомбардираше први, беа токму оние кои имаат отворена поддршка од Анкара.

Освен тоа Ердоган треба да сфати дека не би можел да зависи од САД или Европа (или на НАТО), за да ги заузда иницијативите на Путин во стил “Големата игра” од 19 век. Путин во Сирија може да претставува закана за сојузниците на Западот, но Западот беше презаситен со други грижи; додека тоа присуство претставува директна и сеопфатна закана за Турција: руското промовирање на шиитската полумесечина од Техеран кон Ирак до Сирија целосно ги опкружува копнените граници на Турција кон другите муслимански земји. Ердоган може да се збогува со нео-османлиските царски соништа. А најверојатно и делумно поради масивната економска плима од сунитскиот залив, која му ги зајакнува внатрешните позиции. Зошто да ги поддржува, ако набљудува срамежливо како шиитите градат конкурентен блок со помош на Москва?

* * *

Меѓутоа, последните настани околу “Исламска држава” се најверојатен мотив за активностите на Ердоган. Не толку затоа што тој, изгледа храни неволно симпатија кон нивниот просунитски придонес, но бидејќи гледа потенцијал за преструктуирање на сојузниците кои ќе се фокусираат најпрво на искоренувањето на “Исламска држава”. Тој чувствува дека Европа може да омекне кон Путин во оваа заедничка цел – а што би било последното од тоа. Тој поттикнува сунитски верски чувства дома, за да ја зачува власта и сега треба да ги наметне: Христијанскиот блок изгледа се обединува против Турција на начин, кој потсетува на многу отоманските векови, за кои тој копнее да се реинкаираат. Во такво сценарио дури Грција и Грузија ќе ги затворат вратите и така Турција ќе биде изолирана целосно.

Така Ердоган избра да ја провери исправноста на Западот преку нешто како свесно предизвикување на опасност од војна, што ја видел како Москва ја применува не неколку наврати. Тој побара од своите сојузници одговор на граничното прашање, кое се заканува да го преуреди светскиот поредок за следните 100 години или повеќе: Сакате воскреснувајќи на крстоносните војни?

Токму тоа “Исламска држава” сака да го направи.
* Мелик Кајл е надворешнополитички колумнист на Forbes.com и коавтор на книгата “Оската Русија -Кина: Новата студена војна”. (Encounter Books, 2014).

Слични содржини