Го победи ракот и се враќа на тенисот по животна драма

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната италијанска тенисерка, Франческа Скијавоне, се врати на „белите спортови“ по пауза од две години.

Скијавоне се повлече во 2019 година поради борба против малигнен тумор. Две години подоцна, таа објави одлични вести.

Шампионката на Ролан Гарос во 2010 година успеа да го победи ракот, целосно да се опорави и наскоро ќе се врати на тенисот. Славната Италијанка ќе стане тренер на најдобрата хрватска тенисерка во моментов, Петра Мартиќ, 21-та тенисерка во светот.

Франческа ќе ја замени Мартијна Бока од Холандија, со која Мартиќ неодамна ја прекина соработката.

Скијавоне има 40 години, а најдобриот пласман во нејзината кариера е четвртото место на ВТА-листата.

loading...

Слични содржини