„Го прославија неговиот роденден заедно“: Детали од врската на Ратајковски и Дејвидсон

од Stefanija Kuzmanovska

Манекенката Емили Ратајковски и комичарот Пит Дејвидсон се новата двојка која е во фокусот на забавната индустрија! Двајцата заедно го прославија неговиот роденден, а сега во јавноста доаѓаат нови детали од оваа врска.

Како што се наведува, Емили целосно е вљубена во Пит, кој до пред неколку месеци се забавуваше со Ким Кардашијан.

„На Емили навистина ѝ се допаѓа Пит! Тие постојано комуницираат, а таа го прослави неговиот роденден со него и сакаше да направи тој да се чувствува посебно“, тврди извор близок до парот.

Иако нивната врска допрва почнува, хемијата е многу видлива.

„Засега тоа е опуштена врска. Нема притисок дека мора да ја дефинираат својата врска и дека треба само да бидат еден со друг. Многу ѝ се допаѓа, многу е шармантен и ја освои“, вели изворот.

Ова е прва јавна врска на манекенката, која пред неколку месеци се раздели од сопругот по четири години брак, со кој има син.

Слични содржини