ГО СИМНА ОД КОКАИН, НА РЕД Е АЛКОХОЛОТ: Докторот на Марадона донесе одлични вести

од Vladimir Zorba

Без разлика дали станува збор за неговата фудбалска магија, или за неговото проблематично однесување, сите знаат за Диего Армандо Марадона.

Според второто, легендарната десетка на гаучосите се почесто е во јавноста, а снимките што покажуваат дека не може да функционира како резултат на ефектите од дрогата и алкохолот, воопшто не се ретки.

Поради тоа, сите беа задоволни од веста дека Марадона се насочил кон друг начин на живот, а неговиот лекар Леополдо Лука, кој го посети познатиот фудбалер кога виде дека е лоша неговата состојба, кажа за точно станува збор.

– Тој користеше некои лекови за контрола на вознемиреноста, ние продолжуваме со тој третман затоа што некои терапии не смеат нагло да се прекинат. Диего целосно се симна од кокаин, но понекогаш има проблеми со алкохолот. Тој пие, но ние работиме и на тоа – рече докторот, која доби специјална благодарност од Марадона на социјалните мрежи: „Ви благодарам многу доктор. Д-р Лука секогаш се грижи за мене, како да сум член на неговото семејство“ – напиша Марадона, со фотографија со докторот.

Добрата вест за „симнувањето од кокаин“ е дека Марадона тренира 20 минути на трака за трчање, вози велосипед и оди на прошетки, а докторот вели дека е целосно фокусиран на здравјето и дека сака подобар квалитет на живот.

Засега е познато дека тој успеал да изгуби пет килограми, да се ослободи од навиката за земање дрога, а доколку продолжи со истата филозофија, би можел да се врати на својата работа во ФК Гимназија целосно здрав.

Слични содржини