ГО УСПОРУВААТ МЕТАБОЛИЗМОТ: Оваа храна треба да се избегнува доколку сакате витка линија

од Stefanija Kuzmanovska

Кога не можеме да изгубиме тежина или процесот на слабеење не оди во задоволителна насока,  обично за тоа го обвинуваме бавниот метаболизам.

Ако метаболизмот е навистина главниот виновник, дали може да се активира од одредена храна и дали има храна што го забавува?

Нутриционистите даваат потврден одговор.

– Вашиот метаболизам е тој што создава и согорува енергија од храната – вели нутриционистката Мелиса Маџумдар.

Генетиката игра најголема улога и од тоа најмногу зависи каков ќе биде нашиот метаболизам. Исто така, луѓето со поголема мускулна маса полесно согоруваат храна.

Одредена храна може да го забрза или успори метаболизмот, што може да влијае на губење на килограмите.

Оваа храна треба да се избегнува ако сакате витка линија:

Рафинирани житарици

Рафинирани житарки, како што се оние што се наоѓаат во преработена, спакувана храна, бел леб, тестенини и ориз можат да го саботираат слабеењето. Студија објавена во јуни 2011 година во New England Journal of Medicine докажа дека поради конзумирање на оваа храна, тежината може драстично да се зголеми.

Рафинираните житарици содржат празни калории, немаат влакна и можат да предизвикаат ненадејни скокови на шеќерот во крвта.

Тие не создаваат чувство на ситост, па на крајот можете да јадете многу повеќе храна отколку што навистина ви треба.

Сокови полни со шеќер

Една студија објавена во јули 2017 година во списанието BMC Nutrition покажа дека конзумирањето на високо-протеински оброци со засладени пијалоци може негативно да влијае на енергетскиот биланс, да го забави метаболизмот на маснотиите и да предизвика телото да складира повеќе маснотии.

– Бидејќи станува збор за концентрирана форма на шеќер, сокот може да го зголеми шеќерот во крвта и да направи да се чувствувате гладни веднаш откако ќе го испиете – вели Мелиса.

Гранола

Иако често се промовира како здрава храна, гранолата е богата со калории и масти, а високата содржина на шеќер кај повеќето видови може да го зголеми нивото на шеќер во крвта и да се чувствувате уште погладни.

Наместо тоа, побарајте гранола направена од 100 проценти цели зрна, јаткасти плодови и ограничено количество сушено овошје и избегнувајте ги оние со додаден шеќер и масло.

– Гранола е една од оние митски здрави намирници кои имаат многу калории и шеќер – вели таа.

Од друга страна, има храна што може да го забрза метаболизмот и што треба да се јаде што е можно почесто, а тоа се:

Јајца, авокадо, лути пиперки и производи од цели зрна.

Слични содржини